Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пишман аџија, нема данок за ергените

Пишман аџија, нема данок за ергените
Партијата ТМРО на Ванчо Шехтански го повлече предлогот за воведување на посебен данок што би го плаќале неженетите над 35 години и немажените над 30 години.
„Денешното соопштение на ТМРО за ергенски данок не наиде на позитивен одек во пошироката јавност, па од мое лично име се извинувам на сите засегнати од овој предлог кој го повлекуваме", стои во соопштението.
Ова повлекување доаѓа по острите критики на јавноста и социјалните мрежи. Според предлогот на Шехтански, данокот имал за цел да го зголеми наталитетот во Македонија така што ќе се мотивираат луѓето да се венчаат, а ќе се казнуваат оние кои не сакаат да стапат во брак.
Слично

Поврзани вести