Писателката Џејн Остин ја краси првата пластична британска фунта
Марк Карни гувернерот на Банката на Англија на свечена промоција во катедралата Винчестер ја откри првата пластична банкнота од десет фунти, која ја краси ликот на британската писателка Џејн Остин.
Оваа банкнота ќе биде надополнување на пластичниот апоен од 5 фунти,а главната цел на властите е да се пуштат пластични пари кои се подолготрајни, како и многу потешки за фалсификување.

Пуштањето во оптек на пластична банкнота од 20 функти е планирано за 2020 година. Новата банкнота од 10 фунти беше промовирана на денот кога се одбележуваат 200 годии од смртта на Џејн Остин. Таа е погребана во Винчестерската катедрала во 1817 година. Нејзини најпознати дела се „Гордост и предрасуди“ и „Ема“.
– Нејзините романи имаат универзална форма и денес се еднакво прифатени и значајни како и во времето на објавувањето, изјави гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни на церемонијата во Винчестер.
Банкнотата со ликот на Џејн Остин официјално ќе биде пуштена во оптег на 14 септември.
