Пировска: Ќе изготвиме специјален извештај за бруталниот упад на власта во изборите
Не е повредена само тајноста на гласањето, туку ниту еден од стандардите за фер избори не беше задоволен, изјави Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет, по насилното изнесување на гласачките кутии.
Таа додава дека на гласачкото ливче немаше ниту бројче, а бил користен печат од 2015 година. Пировска вели дека имаше брутално крадење на кутиите, на гласовите на студентите, а воопшто и немало избирачки список.
„ Ние ќе поведеме постапка за сето ова што се случуваше, ќе изготвиме и специјален извештај за бруталниот упад на власта во изборите. Видеото е доказ дека не може да станува збор за легитимни избори и легитимно избран претседател, ова е скандал и показател каков е манирот на владеење во Македонија“ - вели Пировска.
Во Македонија долго време не можеме да зборуваме за принцип на владеење на правото, сме почнале многу постапки каде било очигледно дека станува збор за кршење на човековите права, но немало исход поради нефункционирањето на институциите, објаснува таа.
