Пировска и Најчевска повикани во полиција
Директорката на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска и професорката Мирјана Најчевска се повикани на информативен разговор во полиција поради учество на протестите на „Шарената револуција“.
Тие треба утре во полициската станица „Беко“ да одат на распит и да дадат изјави. Пировска кажа дека утре во 9 часот ќе оди во полициската станица, но не чувствува вина затоа што во знак на револт фрлала со боја кон институциите.
На информативен разговор вчера во полиција беше и прфесорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев, кој беше казнет со 50 евра за фрлање боја на протести.
Слично
