Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пирова победа на Ердоган на локалните избори, ја изгуби Анкара, а за малку и Истанбул

Пирова победа на Ердоган на локалните избори, ја изгуби Анкара, а за малку и Истанбул

Во ретка самокритика, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, се чини дека ја призна пораката за незадоволство од изборите. Тој потврди дека неговата партија изгубила во некои од регионите и дека подготвува нов финансиски план.

Главниот град Анкара е загубен за Партијата за правда и развој (АКП), додека повеќемилионскиот Истанбул најверојатно ќе остане во владение за разлика од 0,06 отсто разлика во гласовите во однос на опозицијата.

„Изгубивме некои општини. Ќе прифатиме дека ние ги освоивме срцата на нашиот народ во местата каде што победивме, но не сме биле многу успешни во местата што ги загубивме, така што соодветно ќе одлучуваме за нашиот акционен план", рече турскиот претседател во своето балконско обраќање кога се уште не беа официјално преброени гласовите.

Според агенцијата Анадолија, кандидатот на Републиканската партија (ЦХП), Мансур Јавас освои 49,8 отсто во Анкара, во споредба со 47,8 отсто гласови кај неговиот противник Мехмет Озасехиј додека 75 отсто од гласовите беа преброени.

Ердоган во Анкара изгради огромна претседателска резиденција, а неговата партија таму владееше 25 години. Исто така, неофицијални порази има во уште десет реони, како Измир, Анталија, Адана и Едрене.

Од прелиминарните резултати, АКП води со 45,35 отсто од гласовите. На второто место е најсилната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) со 30,25% од освоените гласови, додека на третото место партијата IYI со 7,3 проценти од гласовите.

Партијата на Националното движење (МХП) освои 6,55, а Народната демократска партија (ХДП) 3,91 отсто од гласовите.

На изборите имаше и четири убиства.



Слично

Поврзани вести