Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пирати киднапираа брод во која имало Балканци

Пирати киднапираа брод во која имало Балканци

Балканци се меѓу 12-те члена на посадата на швајцарскиот товарен брод што го киднапираа нигериски пирати.

Се работи за државјани на Хрватска, Словенија и БиХ. 

Бродот превезувал пченица од Лагос до Порт Харкурт.

Бродската компанија „Масоел“ од Швајцарија го потврди нападот на нејзиниот товарен брод „Гларус“ во нигериските води.

Пиратите се качиле на долги скали и ја пресекле жицата на палубата, јави АФП.

Тие потоа уништиле поголем дел од комуникациската опрема на бродот и ги грабнале луѓето. 

На бродот имало седум Филипинци и по еден државјанин на Хрватска, Словенија, БиХ, Украина и на Романија. 

Од швајцарската компанија велат дека ги известиле семејствата на грабнатите.

Се работи за брзо ослободување на луѓето. 

Слично

Поврзани вести