Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПИРАМИДА: Како е распределено светското богатство?

ПИРАМИДА: Како е распределено светското богатство?

Распределбата на светското богатство станува нерамна од година во година. Тоа го покажува новото истражување на Credit Suisse.

Банката презентира статистика, според која едвај 0,7% од возрасната популација на светот поседува речиси половина од светското богатство (45,2%), додека 71% од луѓето имаат помалку од 10 000 долари секој.

Овој сиромашен дел - две третини од светското население, поседува само 3% од парите во светот. Оваа година бројот на луѓето со високи примања (над 1 милион долари) паѓа за прв пат од 2008 година. Сепак, уделот на богатството одржано од нив, продолжува да расте, како ште е трендот од 2002 година (со исклучок на 2007-2008 година).

Еве и како изгледа пирамидата на распределба на светското богатство:

cspyramid0.7% од населението поседува над 1 милион долари.

Приход од 100 000 до 1 милион долари имаат други 7,4% од жителите на планетата (39,4% од богатството).

21% се во групата помеѓу 10 000 и 100 000 долари (12,5% од светското богатство). И 71% имаат под 10 000 долари - или само 3% од светското богатство.

Нерамната дистрибуција е сериозна тема во глобалната политика. Токму за истражување на нееднаквоста вчера беше одликуван со Нобеловата награда за економија 69-годишниот економист Ангус Дитон.

Според Credit Suisse, само 20% од возрасните луѓе во развиениот свет влегуваат во најниската категорија со приходи до 10 000 долари, додека во региони на Индија и Африка овој удел е над 90%

На врвот САД доминираат како држава со најмногу милионери. Европа губи 2 милиони луѓе од "Клубот на милионери", додека нивното учество во САД расте од 41% на 46% на глобално ниво.

Еве како изгледа и распределбата на богатството на најбогатите:

cspyramidtop

123 800 луѓе имаат над 50 милиони долари (над половина од нив се од САД), 1 337 700 луѓе поседуваат меѓу 10 и 50 милиони долари. Околу 2,5 милиони луѓе имаат помеѓу 5 и 10 милиони долари, а над 29 милиони луѓе тежнеат помеѓу 1 и 5 милиони долари.

Слично

Поврзани вести