Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пирамид Билдинг Солушнс: Во јавните настапи на претставниците на СДСМ не беше споменатo дека токму за време на владеењето на СДСМ имаме добиено значителен број договори за јавни набавки

Пирамид Билдинг Солушнс: Во јавните настапи на претставниците на СДСМ не беше споменатo дека токму за време на владеењето на СДСМ  имаме добиено значителен број договори за јавни набавки

Во последните неколку дена, компанијата Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ и нејзиниот сопственик Петар Доновски се предмет на јавни напади, клевети и тенденциозно пласирани информации, изнесени од страна на политичката партија СДСМ преку пресконференции на Јон Фрчковски и Петар Огненовиќ, велат од компанијата. 

„Сметаме дека станува збор за селективно прикажување на факти, со што се создава искривена слика за работењето на нашата компанија и се нанесува сериозна штета нашиот углед, интегритет и деловна репутација. За волја на вистината, Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ е компанија која успешно опстојува и работи на македонскиот пазар повеќе од 15 години, без ниту еден скандал, со доследно почитување на законите и процедурите, и со континуиран раст базиран на квалитет, професионалност и реална пазарна конкуренција. Во јавните настапи на претставниците на СДСМ не беше споменат еден клучен факт - дека токму за време на владеењето на СДСМ и институциите раководени од нивни функционери, нашата компанија има добиено значителен број договори за јавни набавки, кои биле целосно и успешно реализирани, во согласност со законските прописи. Токму тие договори претставуваат еден од предусловите за растот и развојот на компанијата во изминатиот период. Во прилог на ова соопштение, доставуваме табела со склучени и реализирани договори за јавни набавки, по години, со институции раководени од функционери на СДСМ, како доказ за транспарентното и законско работење на компанијата“, велат од реакцијата. 

Апелираат бизнисот да се остави надвор од дневно-политичките пресметки и да не се користат инсинуации и неосновани обвинувања за политички цели, бидејќи ваквите постапки директно му штетат на стопанството и на компании кои се значајни двигатели на македонската економија.


Слично

Поврзани вести