Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пилотите на Ер Берлин си летнаа на „боледувања“

Пилотите на Ер Берлин си летнаа на „боледувања“

Голем број на пилоти на германската авиокомпанија Ер Берлин во кризниот период за компанијата со драстично намалени финансиски средства решија да ги искористат боледувањата за да не одат на работа. 

Затоа се откажани голем број на летови поради постапката на пилотите.

– Соочени сме со исклучително голем број боледувања меѓу нашите пилоти и поради тоа извесен број летови денеска ќе бидат откажани, нагласи компанијата на Фејсбук.

Германските медиуми денеска објавија дека се откажани околу 100 летови на таа компанија и оти цифрата расте од час во час.

Откажувањата се воглавно од аеродромите во Берлин, Дизелдорф, но и на патувања за Мајорка, Стокхолм и Цирих.

Околу 9.000 патници беа погодени од тие откажувања до пладне. Весникот Билд објави дека станува збор за „револт на пилоти“ кои одбрале боледување наместо штрајк кога автоматски им се одзема од платата.


Слично

Поврзани вести