Пијаните анестезиолози добија отказ од работа
Анестеолозите од гевгелиската болница, кои биле пијани за време на породувањето, кое беше смртоносно за родилката и бебето, добија отказни решенија.
-Во врска со немилите случувања кои завршија со смртен исход на родилката и новороденото ве известуваме дека управата на ЈЗУ Општа Болница Гевгелија врз основа на член 186 став 1 алинеа 13 и член 206 став 1 од законот за здравствена заштита, а по добиените наоди дека има недозволено количество на алкохол во крвта, директорот на ЈУЗ Општа болница Гевгелија, на ден 26/10/2015 година донесе решение за изрекување на дисциплинска мерка престанок на вработување на здравствен работник: Др. Томчо Ванчев и Др. Зоран Јовановски специјалисти по анестезиологија и реанимација, сметано од 26.10.2015 година, стои во соопштението испратено од директорот на болницата Сретко Јованов испратено до медиумите.
Анализата на примероците на крвта, покажала 1,23 промили, односно 1,75 промили алкохол во крвта на анестезиолозите.
