Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пицула кажа која земја од регионот следна ќе се приклучи на ЕУ

Пицула кажа која земја од регионот следна ќе се приклучи на ЕУ

Тонино Пицула, новиот известител на Европскиот парламент за Црна Гора вели дека земјата постигна сериозен напредок на патот кон ЕУ и ќе биде следната членка на Унијата. 

„Во секој случај, проширувањето на ЕУ ќе се случи, и без оглед кога, тоа нема да биде без Црна Гора. Дали ќе влезе Црна Гора сама, дали уште една држава, тоа е отворено прашање сега. Но, доколку продолжи со ваквата работа како што прави 10 години, тогаш навистина следното проширување нема да биде можно без Црна Гора“, рече Пицула.

Пицула додаде дека мора да се продолжи работата и реформите во рамките на нашите граници, но и дека ЕУ во Западен Балкан ја обновува својата политика за проширување за да не се отвори простор за други политички играчи од исток.

Слично

Поврзани вести