Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петти месец по ред опаѓа невработеноста во Хрватска

Петти месец по ред опаѓа невработеноста во Хрватска

Јули е петиот месец по ред во 2013 година во кој опаѓа невработеноста во Хрватска. Вкупно 316.246 невработени биле регистрирани во хрватската служба за вработување на крајот на јули, соопшти Хина.

Тоа е пад за 0,6 проценти во споредба со претходниот месец, но е зголемување за 5,9 проценти на годишно ниво.

Невработеноста е најголема во Загреб, каде се наоѓаат 14 проценти од сите невработени во Хрватска. Таа е најниска во областа Лика, каде има само 0,9 проценти невработени.

Жените се 52,7 проценти од сите невработени, а 24,6 проценти од сите невработени се на возраст од 25 до 34 години.

Во јули 19,3 проценти од сите невработени добивале помош за невработени, што е пад за 8,8 проценти од јули 2012 година.

Слично

Поврзани вести