Петти ден по ред во Грција нема пристигнати бегалци
Петти ден по ред во Грција нема пристигнати бегалци од Турција, соопштија локалните медиуми, откако беа анализирани податоците за новодојденци во последните 24 часа.
Сепак во моментов повеќе од 7.000 мигранти и бегалци сеуште чекаат нивните молби да бидат обработени во центрите на грчките острови Лезбос, Хиос и Лерос во согласност со договорот меѓу Турција и ЕУ.
Според грчкиот печат договорот се врши многу побавно од неговото влегување во сила на 20 март.
Околу 2000 од 7044 бегалци на островите се сместени во центри или се ослободени од нив по истекот на рокот од 25 дена од поднесувањето на барањето за азил.
Слично
