Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петтемина Срби кои претепаа до смрт Американец на Закинтос задоволни од казните

Петтемина Срби кои претепаа до смрт Американец на Закинтос задоволни од казните



Србите кои како туристи го претепаа до смрт американскиот државјанин Баркли Хандерон претходната летна сезона во јули на грчкиот остров Закинтос добија затворски казни од 5 до 10 години.

Највисока казна од 10 години доби Душан Ранковиќ, а Милош Илич, Стефан Стојменович и Немања Ристиќ по девет години, како млади полнолетници. Најмала казна од пет години му е изречена на Милош Сениќ.

Одбраната изрази задоволство затоа што не им се судело за убиство на црномурестиот Американец, туку за насилство.

На оваа пресуда право на жалба има во рок од два месеци и може да се жалат и осудените и грчкото обвинителство.

Адвокатите на осудените задоволни од пресудата оти не им се судело за убиство, а според грчките закони по остлужување на третина од казната можат да бидат пуштени на условен отпуст.

Исто така бидејќи се млади полнолетници ним притврот им се пресметува поинаку. Односно еден ден се брои како за два и влегува во затвроската казна.


Слично

Поврзани вести