Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТТА НЕДЕЛА ПО РЕД: Расте вредноста на доларот во однос на еврото и јенот

ПЕТТА НЕДЕЛА ПО РЕД: Расте вредноста на доларот во однос на еврото и јенот

Вредноста на доларот зајакнува петта седмица по ред. 

Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, порасна за 0,15 отсто минатата недела, на 104,26 поени.

Вредноста на доларот во однос на европската валута се зголеми за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари. Курсот на доларот се зголеми и во однос на јапонската валута, за 0,6 отсто, на 150,20 јени.

Јакнењето на доларот следи по извештајот за пораст на инфлацијата во САД во првиот месец од оваа година.

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести