Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТСТОТИНИ РАБОТНИЦИ ОД ФИАТ ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК - преговорите продлжуваат, можни нови протести

ПЕТСТОТИНИ РАБОТНИЦИ ОД ФИАТ ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК - преговорите продлжуваат, можни нови протести

Околу 500 работници од фабриката на „Фиат“ во Србија се во опасност да бидат прогласени за технолошки вишок, беше кажано денеска по сребата меѓу работниците и премиерката Ана Брнабиќ. По разговорите во Владата „Нова“ објави дека нема конкретен договор и дека преговорите продолжуваат, но сигурно е дека 500 работници ќе бидат технолошки вишок.

- Главниот проблем е заминувањето во странство две години. На премиерот му кажавме дека тоа никој не може да го прифати. Продолжуваме со преговорите, очекуваме Владата и сопствениците на компанијата писмено да излезат со конкретни решенија, да не си играме глуви телефони - велат од синдикатите и додаваат дека 500 работници дефинитивно ќе останат технолошки вишок.

Работниците наведуваат дека се уште се далеку од добро и конечно решение. Договорот е до 20 јуни да нема ново декларирање на работници на социјалната програма. Синдикалците очекуваат конечно „на хартија“ да им бидат претставени конечните решенија.

- Сакаме достоинствени отпремнини - велат работниците.

Работниците на „Фиат“, претставници на нивниот синдикат, денеска разговараа со премиерката Ана Брнабиќ. Повикот за разговор во Владата на Србија уследи по блокада на фабриката и најавата за нови протести, а како што најавија работниците пред преговорите - доколку нивните барања не се исполнат до среда, повторно ќе организираат протести.

Работниците се незадоволни од тоа што раководството на Фиат продолжува да ги повикува да се изјаснат на понуди кои вклучуваат отпремнина или заминување на работа во странство, иако е договорено ваквите повици да бидат прекинати до 10 јуни.

Работниците го доставија 4-тото барање до Владата и раководството на Фиат. Доколку не се исполнат, најавуваат нови блокади и масовни протести.

Фото: EPA/ Pancic Nemanja

Слично

Поврзани вести