Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пеце ја загуби битката со парите и времето

Пеце ја загуби битката со парите и времето

По две години битка со малигниот тумур на бутниот мускул, Пеце Роговски денеска почина. Во трката со парите и времето, згасна живототот на 31- годишниот битолчанец.

Крупен, висок и секогаш насмеан, вака би ви го опишале битолчани, ако прашате за Пеце.

Неговиот ведар дух го правеше достоен противник на болеста цели две години. За тоа време неговите најблиски собираа пари, затоа што семејната пензија на неговата самохрана мајка, не беше доволна за неопходната операција.

Неговите пријатели неколкупати организираа и хуманиарни акции, од кои собраа 10 000 евра, но сепак беа далеку од потребните 54 илјади евра, колку што чинеше лекувањето на Пеце во болницата во Истанбул.

Финансиската помош од Фондот за здравство пак, како и обично, заглави некаде во бирократските лавиринти.

За тоа време, состојбата на Пеце се влошува, а болеста го заробува во кревет, каде цели два месеци тој живее во агонија.

Во лежечка состојба, го поминал и патот од Битола до скопскиот аеродром, со надеж дека повторно ќе застанe на нозе.

Пропустот на аеродромот, каде не обезбедиле услови за Пеце да патува легнат, го спречи да отпатува до Истанбул, каде требаше да се оперира.

На патот кон дома, Пеце умира.

Младиот Пеце Роговски ќе остане уште еден пример на човек, кому парите и здравствениот систем му пресудиja.

Слично

Поврзани вести