Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петровски, директор на Фершпед: Успешниот менаџер знае дека во тимот секој е важен

Петровски, директор на Фершпед: Успешниот менаџер знае дека во тимот секој е важен

Со конституирањето на четири нови совети продолжува просецот на суштинска трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) наречен „Комора на иднината“ во пресрет на 100 – годишнината од нејзиното постоење.

Крајниот резултат треба да биде сосема нов концепт на високото и средното образование кое ќе формира кадри, потребни на бизнисот, кои ќе ги отворат процесите на дигитализација, индустриски дизајн, телекомуникации како и формирање на берза на трудот, доследно имплементирање на системот на дуално образование и подигнување на капацитетите на арбитражата, медијацијата и судот на честа.

Со овој концепт на функционирање на Советот за високо образование и стратешки истражувања му помагаме на стопанството и овој модел не е замена за високото формално образование, туку со него ќе се настојува преку практична настава да се создаваат лидери, да се зголемат вештините за водење на бизнис, појаснува за „Фокус“, Иван Петровски, генерален менаџер во Фершпед и член на Собранието на СКСМ.

Петровски како еден од предавачите на модулот ПРАКТИЧНИ АСПЕКТИ НА РАБОТЕЊЕТО НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ за „Фокус“ ги споделува своите искуства, знаење и вештини од својата долгогодишна кариера. Дипломиран економист во одделот за комерција при Економскиот факултет, Скопје. Професионалната кариера ја започнува и гради во ФЕРШПЕД АД Скопје, компанија за меѓународна и домашна шпедиција со јавни и царински складишта.

Во текот на својата кариера минува низ повеќе позиции во рамки на компанијата, каде што тековно ја извршува позицијата Генерален директор на ФЕРШПЕД АД – Скопје. Поседува богато меѓународно искуство во областа на меѓунардно шпедиција и транспорт, со посебно познавање на солунското пристаниште каде што поминува 9 години од кои 8 години како директор на представништвото на
ФЕРШПЕД во Солун.

Член е на Собранието на Стопанската Комора, Претседател на Македонската Транспортна Асоцијација, член на Американската комора во Скопје и член на Европската бизнис Асоцијација.

Главната порака што ја испраќа до младите лидери е дека во тимот секој е важен, а без стручен тим, тим од доверба, не може да се оди напред . Потребата да се размислува стратешки да се биде постојано блиску до потребата на корисникот на производот или во случајот на Фершпед до корисникот на услугата е посебно важно бидејки покрај цената и квалитетот, размислувањето за проблемите на партнерите и пронаоѓање на решение на истите е многу  важно за добивање и задржување на клиентите.

ЌЕ СЕ НАМАЛУВААТ ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО

„Иницијативата на Стопанската комора е одлична. Мислам дека искусните менаџери и институциите за високо образование мора да работат во синергија за да функционира  размената и споделувањето на практичните искуства и знаења. Тоа ќе придонесе за учење на вештини кои се повеќе од потребни и неопходни во денешно време на работење, вели Петровски.

Според него овие знаења ќе влијаат позитивно на  подобрување на специфичните познавања кај менаџерите поврзани со се покомплексните предизвици на сите полиња но особено во развојот  на современиот транспорт на стоки и услуги.

„Истите треба да помогнат во намалување на трошоците поврзани како со обезбедување на сировини за работа така и со поефтин пласман на готовите производи на светски пазари. Со намалување на транзитните времиња и трошоците за транспорт директно влијае на намалување на  трошоците на производството и зголемувањето на конкурентноста, додава тој.


Слично

Поврзани вести