Петров:Без договор за предвремени парламентарни избори нема решение за излез од оваа криза
Со три колони на возила од три различни населби на Скопје, денеска започна протестот на опозицијата. Од Автокоманда, Аеродром и Ѓорче Петров во 5 до 12 часот тргнаа колоните, а последната дестинација им беше Владата на Република Македонија. На граѓаните кои беа дел од караванот Отпор и на новинарите кои го следеа настанот им се обрати секретарот на СДСМ, Андреј Петров.
- Денеска ова е најмасовниот караван на Отпорот во Скопје, главниот град на Македонија се повеќе се буди. Денеска од три страни, колони на возила дојдоа тука, на вистинското место онаму каде што е главниот предизвикувач на проблемите, пред Владата на Република Македонија, изјави секретарот на СДСМ, Андреј Петров.
Тој истакна дека без договор за предвремени парламентарни избори нема решение за излез од оваа криза. Македонија на 24-ти март ќе биде земја без здружената опозиција на локалните избори и земја во која нема да има опозициони пратеници во Парламентот .
-На независни листи не видовме градоначалници од СДСМ како што власта упорно тврдеше што неминовно води само до еден заклучок. Г-дине Груевски, единствена опозиција во Македонија која има кредибилитет е здружената опозиција предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски, додаде Петров.
Слично
