Петрле на тет-а-тет средба со Хасипи
Алојз Петерле копретседавачот на Мешовитиот парламентарен комитет на Република Македонија и Европска унија денес е во посета на Македонија.
Според информациите на медиумите тој ќе има тет-а-тет средба со Хасипи , копретседавач на Мешовитиот парламентарен комитет РМ – ЕУ, а потоа заедно ќе се сретнат со членови на Мешовитиот парламентарен комитет.
Кон крајот на ноември 2014 година беше одржан последниот 12-ти по ред состанок на Мешовитиот парламентарен комитет во Стразбур и следеше после предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија и по изборите во Европскиот парламент.
Тогаш на тој состанок на кој се одржа нов мандат беа разменети мислења за актуелната политичка ситуација во државата по предвремените парламентарни избори, за владеењето на правото, реформите во судството и администрацијата, борбата против корупцијата, за слободата на изразување и медиумите.
