Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петрески останува 30 дена во притвор

Петрески останува 30 дена во притвор
Поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески заработи 30-дневен пртивор откако вчера беше приведен во полициската оепрација „Јагула“. Во притвор остануваат и тројца негови блиски соработници, поранешни раководители на секторите за туризам, сообраќај и комунални дејности. На останатите приведени им се одземени пасошите и тие имаат забрана да ја напуштат државата, а ќе треба редовно да се пријавуваат и кај службено лице. На две лица им е изречен притвор во отсуство - едниот е во странство, а другиот во бегство. Вкупно 14 лица беа лишени од слобода вчера во акцијата „Јагула“, во која поранешниот охридски градоначалник и неговите соработници се сомничат за коруптивни зделки, злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување, перење пари, фалсификување книги. Се смета дека на овој начин го оштетиле општинскиот буџет за околу два милиони евра. ОД НАРОДЕН ЧОВЕК ДО „ЈАГУЛА“: Дали Ацо Петрески е Македонскиот „Бандиќ“?
Слично

Поврзани вести