Петнаесет повредени полицајци е епилогот од немирите на јужната граница
Вкупно 15 полицајци се повредени од кои 5 посериозно, по денешните немири на границата со Грција, информира МВР.
Причинета е материјална штета на возила и полициска опрема од нападите со камења од страна на мигрантите, кои насилно сакаа да ја преминат границата и да влезат во Македонија.
Ситуацијата е под контрола, откако македонската полиција утрово реагираше со солзавец и шок бомби со цел да го спречи нелегалниот обид за влез во Македонија. Од МВР потенцираат дека засиленото полициско присуство останува на јужната граница вечерва, со цел да се обезбедат нелегалните премени и заштитната ограда.
Во дел од медиумите се појавија информации дека повторно со летоци на арапски јазик, мигрантите биле насочувани да влезат на македонска територија.
Слично
