Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петнаесет минути траеше денешната собраниска седница – ова е одлучено!

Петнаесет минути траеше денешната собраниска седница – ова е одлучено!
Денешната, трета по ред собраниска седница во новиот состав, траеше едвај 15-тина минути. Пратениците без поголема расправа одлучија да се распише нов оглас за избор на членови на Комисијата за верификација на фактите. Огласот ќе трае 15 дена, а за избор на новите членови на лустрациската комисија е потребно двотретинско мнозинство. Во претходниот состав, Собранието не успеа да ги избере новите членови на Комисијата. Освен ова, на денешната собраниска седница беше утврдено дека Собранието ќе има тројца потпретседатели, а беше констатирано и прекинувањето на мандатот на Руфи Османи од НДП кој поднесе оставка на пратеничката функција. Ова беше трета седница на Собранието во овој состав, по конститутивната и седницата на која свечена изјава даде новиот шеф на државата Ѓорге Иванов.
Слично

Поврзани вести