Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петнаесет дена забрана за тргување за „Илирика инвестмент“

Петнаесет дена забрана за тргување за „Илирика инвестмент“
Комисијата за хартии од вредност донесе решение со кое на брокерската куќа "Илирика Инвестментс" АД Скопје привремено ѝ забрани да врши услуги со хартии од вредност, во времетраење од 15 работни дена. Оваа санкција, Комисијата ја изрече бидејќи брокерската куќа ги прекршила Законот за хартии од вредност, Правилата за тргување на Македонската берза и Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност. Брокерската куќа се обидела да реализира купопродажни налози кои не биле уредно потпишани од клиентот, не ја одржувала структурата на основната главнина согласно прописите и  вршела увид во сметките на  хартии од вредност на клиенти, без да поседува уредни полномошна за увид и резервација од страна на имателите на сметките, соопштуваат од Комисијата за хартии од вредност. Од таму ги задолжиле Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје по приемот на ова решение,  привремено да ја исклучат од членство брокерската куќа "Илирика Инвестментс" АД Скопје, додека трае забраната.
Слично

Поврзани вести