Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петмина починати биле ставани на ист респиратор: Истрага на Инфективна клиника во Косово

Петмина починати биле ставани на ист респиратор: Истрага на Инфективна клиника во Косово

Косовската полиција ја опкружи Клиниката за инфективни болести во Приштина, откако пет пациенти заразени со коронавирус починале од полноќ до сега во Клиничкиот центар во Косово, а роднини обвинуваат дека и по четворица биле ставани на ист респиратор

Според Koха, поради влошувањето на сосотјбата со епидемијата, на Клиниката за инфективни болести собрани се сите челници од Универзитетскиот клинички центар.

Според повеќе косовски медиуми, тоа што повеќе пациенти делеле ист респиратор е главна причина за зголемениот број мртви.

Телата на починатите се земени на обдукција за да се проверат причините за смртта.

Вчера смртниот ковид-биланс во Косово е осум починати и 178 новозаразени.


Слично

Поврзани вести