Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петковски: Груевски го опструираше носењето на буџетот во 2003 та!

Петковски: Груевски го опструираше носењето на буџетот во 2003 та!
Временото финансирање на буџетот не е непознато во Македонија смета пратеникот Тито Петковски. Владата сега само ја замајува јавноста за да оствари политички поени, а всушност нема ништо страшно доколку се функционира без буџет. Исплатите ќе си одат нормално. - Со таква ситуација Македонија беше соочена во 2002 година кога се носеше буџетот за 2003 година. По изгубените избори во септември 2002 година, тогашниот министер за финансии, сегашен премиер Никола Груевски, кршејќи го законот за буџети, што е потврдено од страна на Државниот завод за ревизија, го опструирал носењето на буџетот за 2003 година - рече Петковски. Според него, буџетот за 2003 година бил изгласан на 27 март 2003 година, а стапил на сила на 8 април 2003 година. Во тој период државата нормално функционирала и биле исплаќани, плати, пензии, социјална помош.
Слично

Поврзани вести