Петков договорил американски гас по пониски цени од рускиот
Бугарскиот премиер, Кирил Петков, за време на посетата на САД во разговорот со американската потпретседателка Камала Харис договорил реални испораки на течен природен гас за Бугарија по цени пониски од оние на руската компанија „Газпром“, јавуваат бугарските медиуми.
Бугарскиот премиер во рамките на разговорите за стратешко партнерство посочи дека ова што се случува во Европа е јасен знак за потребата од забрзани и реални мерки во енергетската сфера.
Тој на средбата посочил дека партнерството меѓу Софија и Вашингтон е важен дел од постигнувањето на бугарската гасна независност, заедно со солидарноста на ЕУ.
Петков и со американскиот државен секретар Ентони Блинкон разговарал за партнерство со САД за енергетска диверзификација на Бугарија и регионот на Западен Балкан.
