ПЕТИЦИЈА: Се берат потписи за Каракамишева да се исели од Македонија
Граѓаните покренаа петиција на социјалните мрежи, против професорката Тања Каракамишева. Во моментот се берат потписи за, како што гласи петицијата, Каракамишева да си замине од Македонија. До сега се собрани над 720 потписи.
Ова следува по последната колумна на Каракамишева, во која таа тврди дека Македонците се иселувале поради „невозвратена љубов”, а на Запад живееле мизеерно и нереализирани.
Нејзината колумна предизвика бурни реакции и осуди во јавноста.
Од Обединетата македонска дијаспора на пример, остро реагираа, oбвинувајќи дека Каракамишева ја понижила целата македонска дијаспора и способната младина. Од ОМД побараа од професорката и јавно извинување.
Освен од ОМД имаше многубројни реакции и на социјалните мрежи каде Каракамишева беше предмет на осуда и потсмев.
Таа пак, рече дека против неа се води политичка хајка и се спинувале нејзините зборови. Каракамишева тврди дека нејзината колумна носела многу подлабока порака и порача јавноста уште еднаш детално да ја прочита.
