Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТЕР СТАНО: Извештајот на ЕК за Македонија уште се финализира

ПЕТЕР СТАНО: Извештајот на ЕК за Македонија уште се финализира
Петер Стано, портпарол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во изјава за Фактор не сака подетално да ги коментира информациите дека во најновиот извештај на Европската комисија за земјава може да изостане препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ. „Сите информации објавени во македонските медиуми, поврзани со претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Македонија нема да ги коментираме, бидејќи тие засега се во рамките на шпекулации. Извештајот се финализира. Тој ќе биде објавен на 8 октомрври, како што е веќе познато, и сите забелешки во однос на прогресот на земјата ќе ги кажеме официјално тогаш“, вели Стано. Дел од македонските медиуми вчера објавија дека се води дипломатска битка за Македонија и годинава да ја зачува препораката за почеток на преговорите за членство во ЕУ, која досега Унијата пет пати ја повторуваше.
Слично

Поврзани вести