Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТАР ТАЛЕСКИ ЗАМИНУВА ОД УО НА САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО - презема нова функција, еве каде

ПЕТАР ТАЛЕСКИ ЗАМИНУВА ОД УО НА САВА ПЕНЗИСКО ДРУШТВО - презема нова функција, еве каде

Петар Талески, Член на Управниот одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје по дваесетина години заминува до друштвото. 

Согласно објавата на Сава пензиско друштво на Македонска берза, Талески ќе преземе функција во Сава Ре, д.д. Љубљна. 

- Врз основа на член 166-б став 1 алинеја 4 од Законот за хартии од вредност Ве известуваме за извршена промена во Управен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. 

Во Централниот регистар на Република Северна Македонија извршен е упис на промена, односно бришење на Д-р Петар Талески од функцијата член на Управен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје, по поднесена оставка заради остварување на работен однос во Сава Ре, д.д. Љубљана. 

Управен одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје: - Снежана Станковиќ, Претседател - Татјана Бојковска, CFA, член - се наведува во документот споределен на берзата. 

Инаку Талески е долги години во ова пензиското друштво, а во 2022 година, по 17 години работно искуство во Друштвото беше назначен на позицијата Претседател на Управниот Одбор на Сава пензиско друштво а.д. Скопје. Претходно исто така беше Член на Управен Одбор, а пред тоа бил Директор на Секторот за маркетинг и продажба и Секторот за ризици и управување со индивидуални сметки. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести