Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петар Гошев: Нина Ангеловска знаела за ситуацијата на банката

Петар Гошев: Нина Ангеловска знаела за ситуацијата на банката

Поранешниот гувернер, Петар Гошев, за ТВ24 смета дека министерката за финансии Нина Ангеловска ја злоупотребила својата положба со повлекувањето на парите од банката, оти како дел од Комитетот за финансиска стабилност таа цело време знаела каква е состојбата во банката.

- Јасно е дека таа ги извлекла парите на време, јасно е дека та можела да има информации за она што ја очекува банката. На седниците на комитетот се расправа за слабите точки на банкарскиот сектор. Овде имаме ситуација на искористување на положбата. Ако нема кривично дело врз основа на закон, има сепак голем етички проблем, рече Гошев.

Претходно и Бранимир Јовановиќ, екс-советникот на претходникот на Ангеловска, Драган Тевдовски, рече дека се работи за можна злоупотреба и неетичка положба во однос на останатите депоненти.

Слично

Поврзани вести