Економија, финансии, бизнис

Контакт

Петар Арсовски: МРТВ е јавен сервис, ама на една партија!

Петар Арсовски: МРТВ  е јавен сервис, ама на една партија!
Деполитизацијата на јавниот сервис – МРТВ, ќе оди паралелно со процесот на демаскирање и ослободување од диктатурата која е длабоко навлезена во сите пори на општеството и институциите на државата, вели за Фактор, актерот Петар Арсовски. Фактор: На што ви личи денеска јавниот сервис, МРТВ? Арсовски: МРТВ денес личи на партиски јавен сервис на ВМРО ДПМНЕ платен од народот. Од таму ништо не смее да се емитува без дозвола на Мартин Протогер и тоа е надвор од сите мои поимања за јавен сервис. Фактор: Колку е блиску или далеку МРТВ од вистински јавен сервис? Арсовски: И едно и друго. Блиску е бидејки со воведувањето на обврзно плакање на радио дифузната такса е решен добар дел од нејзиното финансирање, (основен проблем во минатото и гаснење на многу редакции), а никогаш подалеку поради окупацијата од владеачката партија ВМРО ДПМНЕ. Технички добро опремена, достапна на територија на цела држава има катастрофална гледаност поради затвореноста и селективноста. Програмата е поради тоа здодевна, сиромашна и навредлива. Сведена е на сечење ленти и фалби од власта. Фактор: Ќе успее ли Македонија да го деполитизира јавниот сервис и како е возможно тоа да се направи во вакви услови? Арсовски: Деполитизацијата ке оди паралелно со процесот на демаскирање и ослободување од диктатурата која е длабоко навлезена во сите пори на опсшеството и институциите на државата. Овие две работи се тесно поврзани. Тоа најмалку зависи од вработените. Освен инсталираните кадри на чело на куќата (чувари и контролори на партиската агенда), повеќето се добри и искусни професионалци принудени и исплашени од болните умови на диктатурата. Може да потрае, искрено се надевам не долго. Неопходно е паралелно со демаскирањето на криминалите на власта, постојано да се „напага" јавниот сервис МРТВ за да се отвори за сите граѓани на Македонија.
Слично

Поврзани вести