Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет западни амбасадори во Владата, Груевски порачува ова е битка на народот!

Пет западни амбасадори во Владата, Груевски порачува ова е битка на народот!

Под засилен странски мониторинг, откако пет западни амбасадори на премиерот Груевски, во Владата, како што рекоа му ја пренесоа пораката од ЕУ и САД, дека договор мора да има, во клубот на пратеници почнуваат преговорите за имплементирање на договорот од Пржино.

На средбата со амбасадорите претходеше говорот на Груевски во МОБ, каде истакна дека оваа битка ќе се реши на 24 април.

„Ова во Македонија е поголема битка од она што изгледа. Ова во Македонија е битка за Македонија! На кого тоа не му е јасно досега ова е добар ден да го нагласиме тоа. Битка многу поголема од дневните авантури на опозицијата, која свесно се става во улога на алатка. Оваа битка ќе се реши на изборите на 24ти април“, истакна премиерот.

Груевски порача дека „нема да каже ниту некој странец, ниту некој со волшебен стап ќе ги реши нашите проблеми“.

Што точно си кажаа Груевски со амбасадорите на средбата во Владата засега не се знае точно.

Процесот на преговори беше прекинат во вторникот, откако страните не се договорија за техничката влада, главно за различните ставови околу надлежностите на министерот за внатрешни работи.

Друго прашање кои исто така ги кочи преговорите е законот за т.н бомби.

фото Новатв.мк

Слично

Поврзани вести