Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТ ВАКЦИНИ И 7,5 МИЛИОНИ ДОЗИ: Србија е на 2-то место според бројот на вакцини, ги остави зад себе сите земји на ЕУ и регионот

ПЕТ ВАКЦИНИ И 7,5 МИЛИОНИ ДОЗИ: Србија е на 2-то место според бројот на вакцини, ги остави зад себе сите земји на ЕУ и регионот

Еден месец по почетокот на вакцинацијата против хронавирус, Србија  се движи кон половина милион вакцинирани. Вакцинацијата започна на 26 декември, а од 19 јануари стана масовна.

До саботата, заклучно со 30. јануари повеќе од 437 000 граѓани во Србија биле вакцинирани. Со 6,3 милиони дози вакцина на 100 жители, Србија е на второ место, веднаш зад Обединетото Кралство, кое е на чело со 12,3 милиони дози на сто жители. Србија со тоа стана лидер не само во регионот на Западен Балкан, туку и на целиот европски континент, оставајќи ги зад себе Италија со 3,0, Германија со 2,6 и Франција со 2,0 дози на 100 жители.

Вакцините сè уште не пристигнале во Босна и Херцеговина, која се потпираше на програмата „Ковакс“, па вакцинацијата не е ни започната. Република Српска очекува помош од Србија и Русија, а Федерацијата БиХ ќе го отвори патот за набавка на вакцини на светскиот пазар.

Хрватска прими „оскудни“ количини вакцини преку Европската унија, која во моментов се бори за вакцините. Досега во Хрватска се вакцинирани околу 70.000 лица, од кои нешто повеќе од 11.000 ја примиле втората доза на вакцини. 

Целата анализа на овој линк

ФОТО/ТАНЈУГ: Никола Анџиќ

Слично

Поврзани вести