Пет причини зошто нафтата ќе поскапе до крајот на годината
Цената на нафтата се движи околу нивото од 50 долари за барел во последните месеци.
Од Business Insider сепак прогнозираат дека цената на нафтата ќе расте и даваат пет причини зошто.
Меѓународната агенција за енергетика ги ревидира надолу прогнозите за дневната потрошувачка на нафта до 1,3 милиони барели дневно, во однос на 1,4 милиони барели. Сепак побарувачката е стабилна. Овој негативен ефект може да биде надминат преку движењето на вредноста на доларот - основната валута, користена за трговија со нафта.
Business Insider забележува дека на второ место како фактор за поскапувањето на нафтата е одложувањето на раст на производството на нафта.Трето е укинување на дисбалансите во понудата и побарувачката на нафтените пазари.
Домашното производство во Азија, исто така се намалува. Во Кина на пример побарувачката расте постојано, но ископувањето се стеснува. Во другите азиски економии - меѓу кои се Индија и Индонезија, локалниата екстракција исто се намалува, а прогнозите се за значителен економски раст во регионот, кој исто така е фактор во поддршка на поскапувањето на суровината.
Денешните ниски цени ја прават нафтата атрактивна опција за индустријата, пишува во заклучокот Business Insider.
