ПЕТ ПРИЧИНИ за козметички договор меѓу Заев и Груевски!
Деновите зад нас кои минуваат во интензивни договори и преговори за надминување на политичката криза во Македонија не доведоа до неколку сознанија. Тие многу говорат за политичката култура во земјава, односно за некултурата на политичкиот хабитус на македонските елити. Всушност нашите македонски политичари немаат желба да ја решат кризата. Односно, тие би сакале таа да се реши, но никој да не попушти. Нивниот компромисен капацитет е низок.
Прво, македонските политичари во власта не покажуваат искрена желба за промена на состојбите. Зборуваме за суштината. Доколку власта сака, а таа ги има сите алатки за промена на состојбите можеше во изминатиот период да ја релаксира климата, да го ослободи јаремот поставен врз медиумите и институциите, да направи повеќе значајни промени на клучните места (обвинителство, МРТВ, судски совет, Агенција за медиуми, антикорупциска комисија...) и со тоа да покаже вистинска волја и желба за промени на подобро. Но доколку тие такво нешто не направиле во изминативе 9 години, зошто тоа сега да го направат? Нема. Нивниот демократски капацитет не е доволно силно поставен за да ги направи промените. Неколкуте оставки што се случија во Владата беа како плод на силен притисок на САД и ЕУ.
Заклучок: Со вака поставени владини политики, и спроведувани од политичката гарнитура што сега владее, нема да има голем помак во релаксирање на политичката клима, што значи без силен странски факторинг не можеме да се надеваме на целосно фер и демократски избори!
Второ, македонската опозиција иако покажа доволно храброст за влегување во костец со власта, со објавувањето на бомбите, во исто време покажа завидно ниво на слаба организациска поставеност на партијата СДСМ. Таквата поставеност и поделба на партијата доведе до ситуација да спласне првичниот ентузијазам кај граѓанството за промени. Иако граѓанскиот сектор ги посакува промените, партијата не успеа да го канализира силниот гнев и од него да создаде силен политички капитал за спремно да ги дочека следните избори. Се чини дека е изгубен и моментумот кој го донесе силниот сенароден собир на 17 ти мај, кога обединетото граѓанство покажа силен ентузијазам. Од тогаш ќе поминат два месеци, и наместо да расте, ентузијазмот опаѓа.
Заклучок: Опозицијата доколку сака да го врати ентузијазмот веќе нема да може својата политичка битка да ја базира главно на бомбите (тие завршија работа, но се покажа, недоволно силна за власта сама од себе да падне), туку ќе треба да работи на засилување на внатрепартиската инфраструктура и обединување, прво на партијата, а после и на граѓанското ткиво.
Трето, граѓанските организации кои излегоа како светулка на раздвижените демократски процеси се доведуваат во опасност да станат заложници на тесно политички амбиции и кусогледост. Тие наместо колумнистички да ја решетаат, би морале да дадат безрезервна поддршка на опозицијата, која е признаена како единствен преговарачки субјект во разговорите за формирање на Влада за организација на избори.
Заклучок: Улогата на граѓанството е важна, но бидејќи не е единствената алатка за менување на работите, тоа треба да ја дефинира својата натпартиска улога на база на принципи, а не во персонални решенија за замислени министерски места кои може никогаш да не дојдат.
Четврто, македонскиот народ, останатите етникуми што живеат во земјава покажаа дека за нив клиентелистичкиот пристап е многу важен. Поединецот покажува дека мисли на својот стомак, вработување, завршена работа и слично, многу повеќе одошто му се важни некои суштински вредности, како демократија или слободна мисла.
Заклучок: Тешко е да се очекува дека во Македонија може да се случи „Мајдан“
Петто, меѓународната заедница покажа високо ниво на незаинтересираност за случувањата во земјата. Ним им е поважно да се реши кризата било како, само да се реши, без притоа да смета на суштинска промена на системот. Освен тоа, на рака на земјава не и одат другите многу поважни светски случувања (Грција, Сирија, мигрантска криза) бидејќи како тие кулминираат така интересот за Македонија опаѓа.
Заклучок: Од странскиот фактор не може да се очекува „булдожер“ притисок, туку само продолжување на напорите на ниво кое ќе резултира со незадоволителен политички договор за двете страни.
Од сево ова заклучуваме дека македонската политичка криза на крајот ќе биде решена на козметички начин. Двете страни ќе се обидат договорот (сигурно е дека ќе има договор) да го претстават како своја своевидна победа, но многу лесно може да се случи од тој договор главен губитник да биде Македонија. Ако власта не сака суштинска промена на системот, а опозиција во моментов не е доволно моќна да ја присили на тоа, тогаш политичкиот договор ќе биде обична шминка во која единствено евродипломатите ќе бидат задоволни затоа што во октомври ќе испорачаат уште една препорака за почнување преговори со Македонија и одржување во живот на таканаречената европерспектива. Ние овде ќе знаеме дека е тоа незаслужено и дека вистинската промена тешко ќе се случи. Делумно (не)задоволна ќе биде и власта, затоа што чаламот ќе и биде одземен, но веројатно ќе ги задржи клучните полуги кои можат да ја одржат нејзината предност, а малку повеќе (не)задоволна ќе биде опозицијата, бидејќи и покрај декларативните гаранции никој нема да може да биде сигурен во фер изборен процес по скандинавски стандард.
Напишаново не е оптимистички, знаеме, не е ни про влада ни про опозиција, но во моменов така стојат работите. Единствена непознаница во целата работа е што ќе донесе посетата на Викторија Нуланд. Ние, не би очекувале чуда, но ајде да видиме!
Р.Ф.

Слично