Пет повредени полицајци?
Пет полицајци се повредени во полициската акција што започна во Куманово утрово околу 4 часот, според засега неофицијални информации од болнички извори, јави Телма.
Денеска во Куманово од утрината се слушаат истрели и престрелки, при што се уште не се знае мотивот на целата операција.
Дали криминална банда влегла во Македонија со намера да прави инциденти, или пак како што јавуваат некои медиуми, полицијата почнала акција за апсење на групата што беше вмешана во инцидентот со караулата Гошинце.
Ситуацијата сега е смирена, но се уште напната.
насловна фото: Фејсбук, Мухамед Зекири
Слично
