ДОЛАРОТ ЗАЈАКНУВА: Пет непосредни последици по економијата!
Постојат голем број причини поради кои повеќето водечки валути заостануваат во однос на доларот. Еврото пропаѓа, бидејќи економијата на Стариот континент запаѓа во депресија. Фунтата падна во слободен пад, бидејќи Шкотска беше на раб да се оддели од Велика Британија. Јенот пак оди надолу и Јапонија е на пат да ја запише третата по ред "изгубена деценија“.
Презентација на главните валути во однос на доларот од почетокот на годината и во претходните петнаесет години:
Сепак има и друго едноставно објаснување. И тоа не е во слабеењето на останатите валути, туку во зајакнувањето на самиот долар. Американската валута веќе поскапува за 11-та последователна недела, постигнувајќи ја најдолгата победничка серија од 17 години. Може да се спори околу причините за тоа, но фактот дека се случува е непобитен.
Поскапувањето на доларот ќе има голем ефект врз американската економија од поевтини суровини, во пониска инфлација до посилни корпоративните профити. Доларот сепак е валута не само на САД, тој има статус на светска валута. И поскапувањето ќе има голем ефект не само во САД, но и во други делови на светот.
За силата на доларот исто така има различни објаснувања. Можна причина е тоа што Федералните резерви на САД успеа да го отвори својот пат низ кризата подобро од конкурентите и во моментов доживува позитиви од тоа во форма на побрз економски раст.
Употребата на големите резерви гас од шкрилци, исто така може да доведе до зајакнување на конкурентноста на САД.
Или силата на доларот едноставно е пример за изреката дека меѓу слепите и едноок е цар. На Јапонија, еврозоната и Велика Британија им се испречија огромни долгови, премногу великодушни социјални системи и сé постаро население.
Што и да е објаснувањето, поскапувањето на доларот ќе ги има следните непосредни последици врз светската економија:
Помали квантитативни олеснувања во еврозоната.
Со испаѓање на европската економија во депресија, Европската централна банка се подготвува за започнување на сопствена програма за квантитативни олеснувања.
Посилниот долар сепак значи помалку евра, што дава предност на европските извозници. Тоа нема да биде доволно за да биде свртен потегот на економијата, но може да се покаже како доволно за да даде некакви минимални знаци на раст.
Повеќе стимулации во Кина.
Кинеските власти ќе имаат многу работа за да го одржуваат годишниот раст на огромната економија над 7%. Финансискиот систем на земјата покажува флуктуации, а пукнатините во моделот за раст на економијата почнуваат да се покажуваат.
Најголем профит од зајакнувањето на доларот ќе има токму Кина, бидејќи земјата има огромни девизни резерви.
Бум на спојувања и превземања.
Веќе се забележува зголемување на активноста во при спојувања и превземања оваа година. Со интензивирањето на доларот, повторно заживејааа, а може да се засилат и уште повеќе големите американски компании кои ќе се почувствуваат побогати. Продажбата и профитот на домашниот пазар ќе се подобрува, а и парите во банките ќе вредат повеќе во светот.
Револуции
Кога доларот е силен цените на суровините се обично пониски, а пазарите во развој доживуваат потешкотии. Корумпираните авторитарни влади успеваат да се задржат на власт, кога имаат доволно ликвидност, но кога парите ќе ги снема, проблемите на владејачките структури брзо растат.
Послаб биткоин.
Алтернативните валути, особено дигиталните, се продаваат како замена на хартиените пари. Тие сепак се ривал и на доларот, кој е доминантна валута во светот. Една од причините за големиот интерес кон биткоинот и други слични валути во последно време е дека многу бизниси веќе се дигитални и се протегаат надвор од националните граници, што го објаснува и присуството на дигиталните валути.
К.К.

Слично