Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет „понеделнички” работи за да ви тргне неделата

Пет „понеделнички” работи за да ви тргне неделата

Понеделникот знае да биди тежок работен ден, особено ако во викендот сте залегнале по дома или сте „заглавиле" некаде излезени.

Еве неколку совети како да понеделнички да ја почнете неделата и да си ја направите поубава.

1. Одете на работа порано

Почнете ја неделата енергично. Станете порано и појдете на работа порано од вообичаеното. Вишокот време искористете го за да си направите анализа кои ви се плановите за следните неколку дена. Раниот почеток ќе ви даде дополнителна енергија и можност за подобар перформанс на работното место.

2. Поставете си цели

Секој понеделник поставете си нова цел која ќе треба да ја завршите до крајот на неделата. Обврските и резултатите споредете ги и со минатата недела. На овој начин ќе донесете заклучоци за тоа како се покажувате на работното место.

3. Направете си распоред

Првиот ден од неделата е совршен за да си го испланирате времето. Направете распоред со обврски, средби и задачи кои точно ќе знаете кога ќе ги завршите.

4. Направете проценка на предизвиците

Понеделнички проценете кои се проблемите што ги имате на работното место и како и кога можете да ги решите. На овој начин ќе ја зголемете продуктивноста, бидејќи точно ќе знаете што треба да правите.

5. Делете комплименти

Убавите зборови не само што го прават да се чувствува другиот убаво, туку тоа е позитивно и за вас. Затоа не штедете на комплименти. Поздравете ги колегите, најсмејте се и внесете позитивна енергија на вашето работно место.

Откако ќе ги примените овие едноставни трикови, понеделниците нема да ви се чинат како мачење, туку како нова можност за подобар почеток.

Слично

Поврзани вести