Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТ МЕСЕЦИ СТОИ НЕФУНКЦИОНАЛНА: Владата бара решение за мобилната лабораторија за нафта

ПЕТ МЕСЕЦИ СТОИ НЕФУНКЦИОНАЛНА: Владата бара решение за мобилната лабораторија за нафта


Каква ќе биде судбината на мобилната лабораторија за испитување на квалитетот на течните горива односно на нафтата и нафтените деривати. Иако беше набавена и промовирана во јуни годинава таа се уште не е во функција затоа што не беше акредитирана. Пет месеци стои во Министерството за економија, а Бирото за метрологија што ја набави и Државниот пазарен инспекторат се докажуваа кој треба да ја поседува и да ја користи, односно кој е надежен да ја прави контролата. Владата сега бара мобилната лабораторија што побрзо да биде ставена во функција. На владина седница усвоена е информација во врска со начинот на нејзиното функционирање. 

„Владата ги задолжува Бирото за метрологија и Државниот пазарен инспекторат да склучат договор за уредување на меѓусебните односи за начинот на користење и функционирање на мобилната лабораторија за испитување на квалитет на течни горива и за степенот на емисија на штетните гасови што произлегуваат од нивното согорување, и колку што можно побргу мобилната лабораторија да биде ставена во функција, соопштија од Владата.

Инаку од Бирото за метрологија цело време тврдеа дека апаратот е во процес на акредитирање, зашто ако нема акредитација и резултатите нема да се соодветни.

Оваа лабораторија чинеше 512.000 евра. 

А.Т.


Слично

Поврзани вести