Пет години затвор за Македонците кои се борат на Блискиот Исток
Минималната казна од пет години затвор ќе добијат сите учесници, инструктори, финансиери и логистичари во воените конфликти на Блискиот Исток.
Казни од 4 -5 години затвор е предвидено и за учество, регрутација, обука и агитирање.
Вака гласи македонскиот кривичен законик, кој беше донесен во септември минатата година, кога десетина македонски државјани загинаа на воените жаришта во Сирија и Ирак.
Според овој законик, ќе им се суди и на лицата кои беа приведени сабајлево во антитерористичката акција што ја спроведоа единиците на МВР.
Операцијата беше спроведена во повеќе градови низ Македонија и е насочена против припадници на џихадистичката организација Исламска држава во земјава, како и против лица кои учествувале во врбување македонски државјани за учество во паравоени формации.
До сега во Скопје, преземена е акција во населбите Гази Баба, Дижонска и Серава, како и во градовите Струга и Куманово.
Акцијата била преземена за пронаоѓање на учесници во војните во Сирија и Ирак.
Од МВР најавуваат повеќе информации во текот на денот.
