Пет години затвор доби обвинетиот за убиството на новинарката Сузана Павловска
Деветти јули годинава беше кобен ден за новинарката Македонско радио, Сузана Тодоровска-Павловска која на свиреп начин го загуби животот кога ја прегази автомобил.
На главната расправа која се одвиваше пред неколку дена во Основед суд Скопје 1 обвинетиот Бојан Блажевски ја призна вината и изрази длабоко жалење за она што го направил, а веќе денес се соочи со затворска казна од пет години.
Судот го прогласи за виновен Бојан Блажевски обвинет за сообраќајката што се случи во јули годинава кај трговскиот центар „Зебра„ во скопската населба Капиштец во која загина новинарката Сузана Тодоровска-Павловска.
Блажевски се товари за кривичното дело тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот.
„При носењето на одлуката судот како отежнителни околности ги зел во предвид тоа што оваа појава е сé позачестена во опшеството, тоа што сообраќајната несреќа се случила на јавно место и тоа што Блажевски е зависник од наркотични средства.
Како олеснителни околности, судот предвид ги зема тоа што Блажевски е млад и неосудуван, неговата здравствена состојба, и тоа што осудениот изразил жалење и каење“, стои во соопштението на судот.
Обвинетиот Блажевски ја призна вината за прегазената новинарка
На главната расправа која се одвива денеска во Основед суд Скопје 1 обвинетиот Бојан Блажевски ја призна вината и изрази длабоко жалење за она што го направил.
„Притворот лошо влијае на мене. Изразувам длабоко сочувство и каење за тоа што се случи тој кобен ден. Чувствувам голема душевна болка. Помислата дека одзедов човечки живот ме доведе до психичко растројство. Ми ги уништи сите планови, за да основам семејство со мојата девојка. Наркотиците одзедоа голем дел од мојата младост. Неколку месеци бев чист, но повторно им се вратив“, изјавил 37-годишниот маж пред Судот.
Првичните податоци покажаа дека обвинетиот во моментот на несреќата имал 1,52 промили алкохол во крвта и 2,42 промили во урина, биле констатирани и траги од наркотична дрога канабис сатива, а возилото „опел корса“ го управувал со брзина од 83 километри на час при што загубил контрола и удрил во Тодоровска-Павловска.
По несреќата, на возачот му беше одредена мерка притвор, која неодамна беше продолжена за нови 30 дена.
Сопругот на прегазената новинарка ќе го тужи несовесниот возач
Откако со шок ја дочека веста за прегазената сопруга која го загуби животот кога во неа удри автомобил марка „опел“ сопругот на новинарката Сузана П. реагираше на социјалната мрежа фејсбук барајќи помош за соодветен адвокат.
Тој од граѓаните бара да му предложат адвокат кој ќе му помогне приватно да го тужи 37-годишниот возач кој ја усмрти неговата сопруга.
Меѓудругото музичарот Зоран Павловски, сопруг на починатата се заблагодари за укажаното сочуство.
Да се потсетиме …
Вечерта на 7 јули новинарката во Македонското радио Сузана Тодоровска Павловска го загуби животот кога возачот на автомобил „Опел корса“ со скопски регистерски таблици изгубил контрола и со голема брзина удрил во неа.
Незгодата се случи околу 20 часот на улица Васил Ѓоргов во близина на трговскиот центар „Зебра“, а автомобилот потоа влетал во еден од излозите на околните згради, додека жената починала на лице место и безуспешни биле обидите да и се пружи помош.
Возилото било управувано од страна на 37-годишниот Б.Б од Скопје, а имало и сопатнича. И двајцата беа со телесни повреди.
Се поголем е бројот на ваквите незгоди на скопските улици. Станаа секојдневие пред очите на граѓаните. Апел до возачите да обратат поголемо внимание на брзината со која го управуваат возилото.
Се поставува прашањето дали казната е доволна за еден загубен ќовеќки живот?
Слично
