Пет црногорски морнари побараа помош за евакуација од воената зона
Пет од 44 морнари кои се наоѓаат во воената зона на Блискиот Исток побараа помош за евакуација од Владата во Подгорица, објави Министерството за поморски работи на оваа земја.
Министерството за поморски работи истакнува дека работат на подготовка на летови за евакуација на морнарите кои побарале да се вратат во Црна Гора.
„Четириесет и четири морнари беа регистрирани преку платформата за итна регистрација во зоните погодени од војната, а петмина аплицираа за евакуација“, се вели во соопштението.
Како што беше нагласено, имаше ескалација на безбедносната состојба, бидејќи се случија два вооружени напади врз бродови.
Министерството за поморски работи пред неколку дена објави дека 40 црногорски морнари кои се наоѓаат во регионот на Ормутскиот теснец, Персискиот Залив и Оманскиот Залив претходно се регистрирале преку платформата за итна регистрација.
