Пет чекори за борба против коронавирусот: Д-р Грујичиќ го наведува и миењето на косата
Директорката на Институтот за онкологија и радиологија од Србија, Даница Грујичиќ изјави дека сега е убедена дека вирусот корона е вештачки направен.
„Сепак, фактот дека вирусот е вештачки не значи дека не постои, рече д-р Грујичиќ.
Таа исто така наведе пет совети за борба против овој вирус.
- Маски, капење, миење коса, хигиена на рацете, избегнување на собири. Ве молам, бидете трпеливи уште еден месец или два - рече д-р Грујичиќ на ТВ Прва.
Говорејќи за забавата што беше растурена синоќа во Белград и на која имало 500 луѓе, а за која на големо пишуваат српките медиуми, таа вели дека присутните на забавата треба да се срамат.
Слично
