Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕТ-Центарот се уште не извезува изотопи

ПЕТ-Центарот се уште не извезува изотопи

Ултрамодерниот ПЕТ-Центар за рано дијагностицирање и лекување рак и други тешки заболувања отворен во 2016-та, работи со 10 отсто од капацитетите, известува Алсат во рамките на „360 степени“. Се уште нема конкретен рок до кога ќе почне извозот на изотопи и кога ќе се доекипира центарот вреден 16 милиони евра и единствен од ваков тип на Балканот.

Објектот произведува изотопи само за сопствени потреби иако, според плановите, требаше да продава во регионот и да прави профит. Изотопите се хемиски материи кои откриваат промени во молекулите кај човекот, за полесно да се дијагностицираат многу болести. 

„Значи, ние сме сè уште во таа детска возраст. Еден развоен пат. И во центрите во Европа кога ќе се прави нов центар, па развојниот пат си е развоен пат, ние сега одиме кон адолесценција, ќе видиме“, изјави Eмилија Јаневиќ–Ивановска – директорка на ПЕТ Центарот.



Слично

Поврзани вести