Економија, финансии, бизнис

Контакт

Песков вели нема гас додека не ги укинат санкциите

Песков вели нема гас додека не ги укинат санкциите

Од Кремљ велат дека почнува огромна глобална бура и дека нема гас додека не им ги укинат санкциите. 

Според нив, виновни се „апсурдните“ одлуки на САД и ЕУ. 

„Светот ќе доживее големи турбуленции како резултат на нелогичните потези на западните земји“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Санкциите доведоа до зголемување на цените на енергијата и рекордна инфлација на Западот.

„Во оваа ситуација, Русија „сè уште успева да ја одржи макроекономската стабилност. За да се постигне тоа, се спроведува мошне интензивна, промислена и доследна работа“, истакна Песков.

Откако Русија ја почна инвазијата на Украина, Западот воведе санкции за неа за да ја казни и економски да ја принуди да ја запре војната. Европа ја очекува тешка зима. 

Слично

Поврзани вести