Песков вели дека ако Европа го одбие рускиот гас, ќе го продадат на други
Ако Европа го одбие гасот, ќе го продадеме на други земји, велат руските власти.
Ова во интервју за францускиот телевизиски канал ЛЦИ го кажа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека „Русија со децении живее добро под санкции“.
„Навикнати сме на тоа. Што се однесува до гасот, ќе се обидеме да го извеземе во други земји. На многу луѓе им треба гас“, истакна Песков.
САД воведоа нови санкции против Русија кои го опфаќаат потесното опкружување на рускиот претседател Владимир Путин, вклучувајќи ги и неговите ќерки. На списокот за санкции е и семејството на рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.
Слично
