Економија, финансии, бизнис

Контакт

Песков откри како ќе ги покријат загубите и каде ќе го продаваат гасот

Песков откри како ќе ги покријат загубите и каде ќе го продаваат гасот

Oд Кремљ за падот на продажбата на гас во Европа велат дека постојат региони кои се развиваат многу побрзо од Европа. 

Додаваат дека има други држави кои се спремни да ги купуваат руските енергенси. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков  изјави дека Русија ќе ги надомести загубите.

„Европа не е единствениот консумент на природен гас ниту е единствениот континент на кој му треба гас. Постојат региони кои се развиваат многу побрзо, тие можат да ја компензираат намалената побарувачка за руски гас во Европа“, рече Песков.

Дел од европските земји драстично го намалија увозот на руски гас, а самата Русија ги секна испораките. Откако почна руската инвазија на Украина на 24 февруари ЕУ воведе санкции во неколку наврати кон Русија. Европа се подготвува за тешка зима. 

Слично

Поврзани вести