Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕСИМИЗАМ ВО ГРЦИЈА:70% од граѓаните не можат да си ги плаќаат даноците

ПЕСИМИЗАМ ВО ГРЦИЈА:70% од граѓаните не можат да си ги плаќаат даноците

Седум од десет испитаници велат дека не можат да ги плаќаат даноците и осигурувањето.

Повеќето Грци, дури 89%  очекуваат новите мерки во однос на даноци и придонеси да помогнат на економијата во рецесија, а 78% проценуваат дека ќе бидат потребни дури и дополнителни мерки, за да бидат постигнати целите. Ова го покажува истражувањето на атинската трговско-индустриска комора.

Песимизам продолжува да владее меѓу соседите, не само во однос перспективите на економијата, туку и за тоа дека барањата од кредиторите за рестрикции ќе ги удрат по џебот.

Само 6% од Грците велат дека можат да веруваат на одлуките усвоени неодамна од Владата, а 5 % воопшто немаат мислење за нив.

Само 7 % веруваат дека сегашната економска политика на Владата може да доведе до остварување на целите, а  15% не одговориле. Прилично голем број од испитаниците се воздржани од одговор.

69 % од учесниците во анкетата велат дека воопшто не можат да одговорат на новите обврски поврзани со даноци и осигурување оваа година.

Од анкетираните 76% пак, се песимисти за финансиската состојба.

Слично

Поврзани вести