ПЕСИМИЗАМ ВО ЕВРОПА: Луѓето веруваат дека храната ќе поскапува
Песимизам има кај европските домаќинства, а 58 отсто од граѓаните очекуваат повисоки цени на храната.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Европејци очекуваат цените на храната повторно да се зголемат оваа година, и покрај предвидувањето од Европската централна банка (ЕЦБ) дека растот на овие цени треба да се намали. Иако инфлацијата минатата година во ЕУ изнесуваше 2,5 проценти, просечното зголемување на цените на храната и безалкохолните пијалоци беше 3,3 проценти.
Анкетата опфати шест земји со околу илјада испитаници во секоја од нив. Тоа се Германија, Шпанија, Холандија, Белгија, Полска и Романија. Дури 58 проценти од учесниците се согласија со тврдењето дека цените на храната ќе растат во нивните земји во следните 12 месеци. Само 14 проценти веруваат дека тоа нема да се случи.
Аналитичарот на банката, Тијс Гајер, смета дека резултатите ги гледа како индикација дека растот на цените на храната е забавен, но и дека многу домаќинства сè уште го чувствуваат притисокот поради неодамнешната изразена инфлација.
„Тоа е знак дека многу потрошувачи се ментално подготвени или се подготвуваат за дополнително зголемување на инфлацијата. Потрошувачите веројатно треба да видат забавување на инфлацијата подолг временски период за да се променат нивните очекувања“, изјави Гајер за „Еуроњуз“.
Во Романија тоа е 73 проценти, во Белгија 66 проценти, во Холандија 64 проценти, во Германија 57 проценти и во Полска 49 проценти.
Само во Шпанија процентот е релативно помал и изнесува 39 проценти.
foto freepik.com/fxquadro
